„Диарио Гол“ пренесува неверојатна информација: Меси и Гризман се истепале на тренинг и повеќе…


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Шпанскиот медиум „Диарио Гол“ пренесува дека Лионел Меси и Антоан Гризман се истепале на тренингот на Барселона.

Весникот пренесува дека Гризман се налутил на Меси кој во една ветувачка ситуација на натпреварот против Леганес не сакал да му ја додаде топката кога бил во прилика да постигне погодок.

Французинот сметал дека Меси тоа го направил намерно и истото му го рекол, а после тоа настанала физичката пресметка по која Аргентинецот повеќе не сакал да комуницира со Гризман.

Ескалација на тепачката спречиле соиграчите и тренерот Кике Сетиен кои реагирале брзо и успеале да ги разделат.

По ваквиот немил настан се поставува прашањето дали Гризман ќе остане во Барселона или Меси како и што и претходно се пишуваше ќе издејствува негово заминување и доаѓање во клубот на Нејмар или Лаутаро Мартинез.