Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Колку тоа и да звучи невистинито се чини дека Кристијано Роналдо почна да се прилагодува во Јувентус, а не обратно.
Откога Маурицио Сари ја превзема Старата Дама, Роналдо многу повеќе учествува во играта и не е повеќе мета, туку тој стана оној кој ги разигрува останатите и отвора простор за останатите колеги.
Роналдо одигра многу добар натпревар против Интер, па се покажа дека Португалецот може одлично да функционира во тандем со Пауло Дибала.
Аргентинецот во триумфот од 1:2 го постигна водечкиот гол на натпреварот, додека во финишот на првиот дел, поради офсајд е поништен погодокот на Роналдо после одличното додавање од Дибала.
Дека помеѓу нив владее добар однос потврдува и сцената од микс зоната на стадионот Џузепе Меаца.
Додека Дибала даваше изјава, Роналдо му пријде и му даде благ бакнеж на образот. Нешто идентично направи и Леонардо Бонучи.
CRISTIANO RONALDO E LEONARDO BONUCCI CHE DANNO UN BACIO A PAULO DYBALA, VOGLIO QUESTO VIDEO SULLA MIA LAPIDE pic.twitter.com/rjppQuK7bw
— ℒ. (@dreaminhogvarts) 6 October 2019