Дибала е разочаран – ќе ги пакува куферите и ќе замине од Јувентус!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинскиот репрезентативец Пауло Дибала повторно е главна тема во италијанските медиуми затоа што е разочаран од односот на раководството на Јувентус со кое не можеше да се договори за продолжување на договорот.

Дибала решил да ги прекине преговорите за нов договор со Јувентус, откако „Старата дама“ му понудила помала сума од претходно договорената, а исто така состанокот доцнел цел месец.

Аргентинецот добил помала понуда за 25 отсто од таа што очекувал, па поради тоа решил да ги спакува куферите и да го напушти Јувентус, а интерес за неговите услуги веќе постои од неколку гиганти.

Агентот на Дибала наводно почнал преговори со дел од екипите, а тоа се Интер, Манчестер сити, Ливерпул и Барселона.