Дибала најде нов тим, но нема да игра во ЛШ!?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Италијанските медиуми објавија нови детали за иднината на Пауло Дибала, кој во моментов се наоѓа во Торино откако му заврши договорот со Јувентус.

Дибала во следната сезона нема да игра во Лигата на шампиони (ЛШ) затоа што решил да потпише за Рома.

Иако често се шпекулираше дека Аргентинецот ќе се пресели во Интер, а ситуацијата ја следеше и Наполи, сепак тимот на Жозе Мурињо бил најупорен во преговорите.

„Тутомеркато“ пишува дека Дибала прифатил трансфер во Рим, меѓутоа ќе мора да почека пред да потпише договор затоа што „Волчицата“ се обидува да го продаде Николо Заниоло.

Поранешниот фудбалер на Јувентус се очекува да потпише четиригодишен договор со Рома, а ќе добие плата од четири милиони евра по сезона.