Дибала се сели во Англија за 12 милиони евра!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалер Пауло Дибала следното лето може да ја напушти Рома за само 12 милиони евра, но само ако екипата од Рим не избори место во Лигата на шампиони (ЛШ).

Дибала минатото лето ги засили Римјаните целосно бесплатно, а во моментов е еден од најдобрите играчи на екипата.

Рома во моментов се бори за место во ЛШ, иако имаат голема конкуренција и ги чека жестока битка до крајот на сезоната, а доколку не се пласира во топ-4, тогаш Дибала ќе си замине.

Неколку тимови од англиската Премиерлига го следат Дибала, а најзаинтересиран за неговите услуги е Манчестер јунајтед, кој без проблеми ќе исплати 12 милиони евра.