Дибала се сели во еден од најголемите европски градови!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пауло Дибала ова лето најверојатно ќе го напушти Јувентус бидејќи има договор до следното лето и речиси не постојат шанси дека ќе го продолжи.

Аргентинецот сака да си замине, а се споменуваа неколку тимови како потенцијални дестинации за 28-годишниот Аргентинец.

Дибала би можел да се пресели во Лондон, а заинтересиран за него е Тотнем, но и Арсенал.

Во целата приказна голема улога ќе играат и резултатите на двете екипи, односно тимот кој ќе избори место во Лигата на шампиони ќе има поголеми шанси да го ангажира.

За Дибала постоеше интерес и од Ливерпул, но очигледно Јирген Клоп се откажа од идејата да го ангажира.