Дибиров ќе потпише за Загреб!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Рускиот ракометар Тимур Дибиров потпиша нов договор со Вардар, откако заврши сезоната, но сега би можел да замине од клубот поради суспензијата на „црвено-црните“ од Лигата на шампиони (ЛШ).

„Јутарњи“ пишува дека Дибиров е блиску до потпис со Загреб и од следната сезона ќе игра за хрватскиот гигант, каде што ќе соработува со поранешните вардарци, Иван Чупиќ и Вуко Борозан.

Дибиров пристигна во Вардар во 2013 година од Чеховски Медведи, а во последните години е еден од најдобрите ракометари на тимот.

Ова би бил голем удар за Вардар, кој имаше високи амбиции во сезоната која следи.