Дибиров: Триумф против Порто ќе потврди дека сме на вистинскиот пат!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Актуелниот европски првак Вардар утре ги продолжува настапите во Лигата на шампиони и ќе ги одмери силите со Порто. После двете одложени средби, „црвено-црните“ одлично го започнаа турнирот со победа над Фленсбург.

Левото крило Тимур Дибиров истакна дека е потребна победа на мечот против Порто за потврда дека тимот е на добар пат.

„Сакаме да напредуваме секој натпревар. Против Порто да потврдиме дека победата со Флензбург не беше случајна. Португалскиот тим е многу квалитетен и игра добро независно дали гостува или е на свој терен. Многу се незгодни со тактиката 7 на 6. Ние можеме уште подобро. Ќе покажеме дека сме на добар пат. Излегуваме со ладни глави и цел да играме уште подобро од мечот со Флензбург. Знаеме дека ќе биде тешко, нема лесен противник во Лигата на шампионите, но многу ни е важно да победиме“, истакна Дибиров.

Натпреварот Вардар – Порто се игра утревечер со почеток во 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.