Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ракометарот на европскиот шампион Вардар, Тимур Дибиров зборуваше за проблемите со кои се соочува скопската екипа и откри дека проблемите не се готови и дека ги очекуваат тешки времиња.
Дибиров кажа дека паузата добро им дошла за да се одморат, а исто така се надеваат дека ќе ги поправат резултатите, но знае и самиот дека ќе биде многу тешко затоа што и покрај најавите дека ќе биде подобро во европскиот шампион, сепак на финансиските проблеми не им се гледа крајот.
„Одигравме тешка полусезона со многу проблеми и повреди. Стоилов, Атман, Горбок, Калараш, Горпишин.. сите тие мораа да паузираат одреден дел од сезоната, но мора нешто да поправиме во играта во вториот дел од сезоната. Сепак, сметам дека финансиската состојба во клубот не е добра, иако во јавноста се мисли дека работите тргнале на подобро“, открива Дибиров за руските медиуми.