Дибиров: Вардар секогаш добива сила на крајот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вардар со неверојатен пресврт успеа да слави против ППД Загреб, иако во еден момент губеше и со шест разлика (18-24), па така избори пласман во финале на СЕХА-лигата.

Македонскиот тим со одлична игра во последните минути се избори за 26-26 во регуларниот дел, по што на пенали беше подобар со 4-3.

Рускиот ракометар Тимур Дибиров вели дека е навикнат на вакви пресврти на Вардар.

„Со Вардар секогаш правиме пресврти. Не знам како, но секогаш добиваме сила на крајот. Среќен сум што изборивме финале и ќе го браниме трофејот. Сега треба да се фокусираме на Веспрем, кој има квалитетна екипа“, кажа Дибиров.