Димитриевски избран за четврти најдобар голман во Европа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот чувар на мрежата Столе Димитриевски сезонава брани неверојатно во дресот на Рајо Валјекано, па со неговата екипа во моментов е во борба за пласман во Лигата на шампиони (ЛШ).

Рајо се наоѓа на четвртата позиција во шпанската Ла Лига, а еден од најзаслужните за тоа е македонскиот голман, кој според британски „Сан“ е избран за четврти најдобар во Европа.

Британскиот медиум ја направи листата според методот „удари во рамки на гол, минус примени голови“.

Од македонскиот голман подобри се само Давид де Хеа, Жозе Са и Мануел Рајман.