Димитриевски: Не се плашам од никого, Гризман и Феликс ме мотивираат!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски вечерва ќе заигра против Атлетико Мадрид и големите ѕвезди Жоао Феликс и Антоан Гризман во мечот од Ла Лига.

Димитриевски го пропушти првиот меч на Рајо Валјекано против актуелниот шампион, а тогаш екипата загуби со 0-2, но денеска се враќа меѓу стативите за да им ги расипе плановите за победа на избраниците на Диего Симеоне.

Македонскиот чувар на мрежата кажа дека не се плаши поради тоа што ќе игра против Жоао Феликс и Антоан Гризман, кои се во неверојатна форма.

„Не ме плашат Феликс и Гризман, туку ме мотивираат да не примам гол. Двајцата се одлични фудбалери, посебно е чувството кога играте против нив. Уште поголема награда е да останете со чиста мрежа против нив и да му помогнете на својот тим“, кажа Димитриевски.