Димитриевски пред трансфер во Вилјареал!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот голман Столе Димитриевски би можел да си замине од Рајо Валјекано, а како негов нов клуб се споменува Вилјареал.

Вилјареал ќе остане без Херонимо Рули кој се договорил со Ајакс за сума од 10 милиони евра, а тоа ќе ја остави празна голманската позиција.

Димитриевски, исто така, беше блиску до заминување од Рајо минатата зима, а тогаш Барселона се споменуваше како опција.

Рајо Валјекано наводно е подготвен да го продаде Димитриевски за сума од осум милиони евра.