Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Столе Димитриевски беше еден од најзаслужните за триумфот на Валенсија од 1-0 над Атлетик Билбао, а по натпреварот истакна дека тимот сосема заслужено стигнал до важните бодови.
Македонскиот чувар на мрежата нагласи дека целиот состав одиграл пожртвувано и дисциплинирано на тешкото гостување во Билбао.
„Бевме свесни колку значат овие три бода и затоа дадовме максимум на теренот. Се боревме како тим од првата до последната минута. Атлетик вршеше голем притисок, но и ние создадовме проблеми кога тргнувавме во напад. На крајот, пресуди нашата поголема ефикасност во клучните моменти“, изјави Димитриевски.
















