Димитриевски: Сакам да ја завршам кариерата со настап на СП 2023!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот голман Столе Димитриевски во интервју за „ТелеМадрид“ кажа дека нема проблем да остане во Рајо Валјекано, а планира да игра најмалку до 2030 година.

Најголем сон на Димитриевски му е настап со Македонија на Мундијалот во 2030 година.

„Мојот сон е да ја завршам кариерата во македонскиот дрес со настап на Мундијалот во 2030 година, во Шпанија и Португалија. Тогаш ќе имам 36 години“, кажа Димитриевски.

Иако во изминатиот период го поврзуваа со трансфер во Барселона, сепак Димитриевски остана во Рајо и вели дека нема проблем да игра за оваа екипа до крајот на кариерата.