Димитриевски: Словенија ни е голем ривал, но ние играме дома и ќе бараме три бода!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Македонската фудбалска репрезентација на десетти октомври игра против Словенија во важен меч во квалификациите за Европското првенство во 2020 година.

Македонија мора да победи против Словенија, која во претходните два меча славеше против Полска со 2-0 и Израел со 3-2.

Македонските фудбалери денеска ги почнаа подготовките за мечот против Словенија, како и за тој против Полска, кој се игра во Варшава.

„Ние ќе се обидеме да ги освоиме трите бода. Главна предност е домашниот терен и мора да победиме. Словенија е наш ривал, а доколку сакаме да бараме пласман преку квалификациите, тогаш мора да триумфираме. За нас мотивација е тоа што играме дома, па се надевам дека ќе постигнеме први гол и ќе успееме да го диктираме темпото на натпреварот“, објаснува голманот Столе Димитриевски.