Димитријевиќ: Данска е сериозен противник, но подготвени сме за предизвикот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонија утревечер од 19 часот ќе се соочи против Данска, а големата македонска ѕвезда Ненад Димитријевиќ кажа дека сака успешен почеток.

Кошаркарот на руски Уникс кажа дека почетокот на квалификациите е важен и поради тоа сакаат да почнат со победа.

„Знаеме дека Данска е сериозен противник, но мислам дека ќе бидеме подготвени за предизвикот. Имаме одлична група на кошаркари, тренираме заедно и верувам дека ќе одговориме на вистински начин. Напорно работиме и фокусирани сме прво на Данска, а потоа и на останатите“, кажа Димитријевиќ.

Македонија по дуелот со Данска ќе се соочи против Словачка на 28 август во Скопје.

ФОТО: КФМ