Димитријевиќ со 32 поени го разнесе Зенит (Видео)

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ го одигра најдобриот меч оваа сезона, откако му помогна на Уникс Казан да слави против Зенит Санкт Петербург со 78-63.

Уникс со оваа победа стигна до 3-2 и се наоѓа на чекор до пласман во финалето на ВТБ-лигата, а Димитријевиќ блесна на мечот со 32 поени, шест асистенции и шест скокови.

Шестиот натпревар меѓу екипите се игра в сабота, а домаќин ќе биде Зенит.