Директор на Интер замина во Англија по напаѓач вреден 70 милиони евра


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Интер му понудил 70 милиони евра на Манчестер јунајтед за трансфер на напаѓачот Ромелу Лукаку.

„Скај Спортс“ пишува дека спортскиот директор на „нераѕурите“, Пјеро Аусилио замина во Англија на преговори за да го договори трансферот.

Планот на Интер е Лукаку да дојде во Милано на двегодишна позајмица со обврска да биде откупен неговиот договор, односно Јунајтед да добие 70 милиони евра во три годишни рати. Најпрво 10 милиони, па во следните две години по 30 милиони.

Исто така, Лукаку инсистира на преселба во Италија и да биде дел од амбициозниот проект на Антонио Конте во Интер.

Белгиецот во нападот на Интер би требало да го замени Мауро Икарди, кој наскоро ќе се пресели во Јувентус или Наполи.