Директорот на Австралијан опен очекува Надал да се врати во јануари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рафаел Надал долго време е надвор од тениските терени поради повредите, а последниот настап му беше на Австралијан опен.

По натпреварот со Мекензи Мекдоналд се повреди и мораше да паузира. Сепак, Надал најави дека се чувствува подобро и во следниот период ќе објави кога се враќа на терените.

Директорот на Австралијан опен, Крег Тајли објави дека Шпанецот ќе заигра во Мелбурн на почетокот на 2024 година.

„Надал тренира, а јас го следам внимателно. Веројатно ќе игра на нашиот турнир затоа што е важен играч. Тој сака да игра и планира такво нешто. Сигурен сум дека Рафал идната година ќе биде тука“, кажа Тајли.