Директорот на Вардар се извини за вчерашното видео кое предизвика бурни реакции


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалерите на Вардар вчера ја освоија титулата шампиони на Македонија по шест години пауза, а по дуелот со Струга се појави и видео кое предизвика реакции.

Денеска на социјалните мрежи се огласи извршниот директор на клубот, Миленко Неделковски со извинување.

„Во мое име пред се, а и во име на клубот, и се извинувам на Каролина Гочева бидејки во еуфорична прослава испеавме стандардна, но за жал вулгарна, навивачка песна.

Но, од машка гледна точка, а имајќи ја предвид Битола, кому таква песна да пееме? Нa Весна Бандевска ли?

Во Вардар играат и работат мажи со префинет фкус“, стои во објавата на Неделковски.

ВИДЕОТО КОЕ ПРЕДИЗВИКА РЕАКЦИИ: