Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Искусниот ракометар на Вардар, Кристијан Дисингер во интервју за германските медиуми си ја отвори душата и зборуваше за тешката ситуација во Вардар.
Популарниот „Диско“ посочи дека играчите во клубот немаат земено плата цели шест месеци и дека во моментов е многу комплицирано за нив.
„Во овој момент се е комплицирано за нас. Голем дел од тимот немаат земено плата шест месеци. Земаме само мал дел од тоа. Овде може да се живее и со 300 евра месечно, но тоа е стресна и непотребна ситуација за нас. За да останам овде уште една година треба да се случи чудо“ –изјави Дисингер.
Покрај Дисингер кој очигледно го најави заминувањето од клубот со сигурност си заминуваат и Даинис Криштоанс кој потпиша со ПСЖ како и Данил Шишкарев кој од пред неколку дена се договри со Веспрем.