Доаѓа по одмазда: Емери експресно се враќа во Премиерлигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот тренер Унај Емери неодамна доби отказ од Арсенал поради лошите резултати во Премиерлигата.

„Топчиите“ сезонава не играат најдобро и во моментов се наоѓаат на 11. позиција во Премиерлигата, а ниту Фреди Љунберг не го крена клубот.

Меѓутоа, Емери наскоро би можел да се врати во Премиерлигата и тоа како тренер на Евертон, кој веќе го контактирал и му понудил договор.

Евертон е без тренер од минатата недела кога го отпуштија Марко Силва, а очигледно Емери е прва желба на управата.

Наводно, членовите на управата на „Гудисон парк“ веќе го контактирале шпанскиот тренер и сега го чекаат неговиот одговор.

Емери треба да потпише договор до 2021 година, но уште не им дал конечен одговор на „карамелите“.