Доби отказ од Кина, па доаѓа во Барселона да го замени Агуеро?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пред неколку сезона Барселона ги изненади сите со засилување од Кина. Тогаш пристигна Паулињо и одигра одлично за Каталонците, а сега би можел уште еден фудбалер да дојде од Кина.

Шпански „АС“ пишува дека Барселона во следните денови ќе потпише договор со Седрик Бакамбу, кој во минатото играше за Виљареал, по што беше продаден во Пекинг Гуан за 40 милиони евра.

Бакамбу во Кина постигна 58 голови на 87 натпревари, а сега е желба на Каталонците откако Серхио Агуеро мораше да ја заврши кариерата поради проблеми со срцето.

Бакамбу за две ипол сезони во редовите на „жолтата подморница“ постигна 32 гола во Ла Лига и би можел да биде солидно решение за Барселона.