Добри вести од Мадрид: Познато кога се враќаат Куртоа и Милитао


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голманот Тибо Куртоа и дефанзивецот Едер Милитао веќе некое време се повредени, но денеска пристигнаа добри вести од Мадрид.

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти кажа дека по мартовската пауза ги очекува Милитао и Куртоа во екипата.

„Кралевите“ ќе бидат во најсилен состав пред најважниот дел од сезоната, па така Куртоа и Милитао ќе можат да помогнат во четвртфиналето од Лигата на шампиони (ЛШ), кое се игра на 21 април.