Договорен е термин за Олимписките игри во Токио 2021

Летните Олимписки игри кои требаше да се одржат годинава во Јапонија поради пандемијата на вирусот беа одложени за 2021 година.

По денешниот телефонски разговор меѓу претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах и премиерот на Јапонија, Шинзо Абе беше договорен новиот термин.

Олимписките игри во Токио ќе се одржат од 23 јули до осми август 2021 година, а таквата информација ја пренесоа речиси сите светски медиуми.

Јапонија вложи неверојатни 13 милијарди долари за организација на целиот настан, а однапред зема и три милијарди од спонзорите, па не можеше да се откаже од настанот и затоа истиот мораше да биде одложен.