Дојави за бомби во ФФМ, „Борис Трајковски“ и стадион!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дојави за бомби денеска пристигнаа и до спортските институции, откако во претходните денови закани имаше на различни локации во училишта, но и шопинг-центри.

Утринава пристигнала дојава за бомба до Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), салата „Борис Трајковски“, како и националната арена „Тодор Проески“.

Вработените се евакуирани од спортските институции, а полициски екипи се на терен и ќе почнат проверките од страна на екипите на МВР.