Ѓоковиќ собори несекојдневен рекорд против Чарди


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ беше успешен на стартот на Мастерсот во Шангај, каде што го совлада Џереми Чарди со резултат од 2-0 во сетови.

Ѓоковиќ кој е втор ностиел на овој турнир, во првиот сет славеше со 6-3, а во вториот со 7-5 и со тоа закажа дуел со подобриот од Чекината и Чунг.

Она што е занимливо е дека Ѓоковиќ денес влезе во историјата на светскиот тенис и тоа со несекојдневен подвиг. Имено, тој против Чарди стигна до 28. едноподруго освоен сет што е најдолга таква низа во историјата на овој спорт.

Ѓовковиќ има одлични резултати против тенисерите од Франција, бидејќи од последните 65 дуели славеше на 63 и со 14 победи во низа.