Доминација на Јокиќ: Србинот со блескава игра го расплака Голден Стејт


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кошаркарите на Денвер Нагетс ги совладаа Голден Стејт вориорс со 119:115 на својот терен, во рамките на НБА лигата.

Српскиот репрезентативец Никола Јокиќ одигра уште еден феноменален меч, кој го заврши со 38 поени (14/24), 10 скока, шест асистенции и пет украдени топки.

Натпреварот беше неизвесен до самиот крај, во последните две и пол минути „воините“ влегоа со +6 (109:115). Сепак, следуваше серија од 10:0 за Денвер за победа која Јокиќ ја започна и заврши од линијата за слободни фрлања.

Покрај српскиот кошаркар, се истакна и Мајкл Портер Џуниор со 22 поена, седум скока и две асистенции, Арон Гордон со 15 поена, девет скока и пет асистенции.

Кај „воините“ најдобар беше Стеф Кари, кој оствари дабл-дабл со 24 поени, седум скока и 11 асистенции, а го следеше Џонатан Куминга со 19 поени, пет скока и две асистенции. По 13 поени постигнаа Ендру Вигинс, Брандин Подземски и Мозес Муди.