Доминација на Мерцедес во Кина, Ботас ја освои пол-позицијата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Возачите на Мерцедес доминираа на квалификациите за Големата награда на Кина. Пол-позицијата ја освои Валтери Ботас, додека Луис Хамилтон заврши втор пред возачите на Ферари.

Од самиот почеток на квалификациите Мерцедес беше доминантен на патеката, па покажаа дека се многу итри. Ботас и Хамилтон имаа одлично темпо и заслужено ги освоија првите две позиции.

Возбудувања се случуваа до самиот крај на квалификациите, каде што водеа борба возачите на Мерцедес за првото место, додека Ферари сакаше да ги освои третото и четвртото место.

Трет од стартната линија ќе почне Себастија Фетел, а зад него следува тимскиот колега Шарл Леклер. Во топ 10 завршија уште Макс Ферстапен, Пјер Гасли, Даниел Рикардо, Нико Хулкенберг, Кевин Магнусен и Ромејн Грожан.