Дончиќ доби пофалби: Може да биде како Џордан, Леброн, Коби…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ е голема НБА-ѕвезда, иако стигна пред неколку години во најсилната кошаркарска лига.

Дончиќ е главна ѕвезда на Далас маверикс и постојано добива пофалби, а последната пристигна од тренерот на тимот, Рик Карлси.

„Лука може да биде како Џордан, Леброн, Коби, Лери Бирд…Таквите играчи имаат неверојатен фокус и тешко е некој да ги разбере. Сфатив дека како што натпреварот одминува нивниот фокус да направат нешто станува поголем. Не е важно дали станува збор за асистенција или шут. Лука е посебен играч, најфокусиран е кога е најпотребно“, изјави Карлси.

Во последниот натпревар на Далас против Бостон Дончиќ постигна 31 поен, додаде и уште 10 скоквои и осум асистенции.