Дончиќ ги воодушеви сите со неверојатен кош со звукот на сирената 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дури 11 натпревари синоќа беа одиграни во НБА-лигата, а повторно во центар на внимание беше Лука Дончиќ.

Неверојатниот Словенец постигна неверојатна тројка за победа на Далас маверикс во Мемфис против Гризлис со 114-113.

Дончиќ ја доби топката на 1,8 секунди пред крајот, а потоа на неверојатен начин погоди без да скокне и така ѝ донесе триумф на својата екипа.

Словенечкиот кошаркар го заврши мечот со 29 поени, девет асистенции и пет скокови.