Дончиќ го растури и Бруклин, навивачите му скандираа „МВП“ (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ е незапирлив во НБА-лигата, а тоа го покажа и во победата на Далас маверикс против Бруклин со 119-107.

Дончиќ го заврши натпреварот со 35 поени, 18 скокови и девет асистенции, а навивачите на Бруклин почнаа да скандираат „МВП, МВП, МВП“.

Словенецот доби поддршка и од неговиот колега Кајри Ирвинг кој го заврши натпреварот со 36 поени, додека во редовите на Бруклин најдобар беше Бриџис со 28 поени.