Дончиќ: Горд сум на нашата сезона, иако загубивме од Бостон


Финале: Кој до титула? Шпанија по четврти или Англија по прв пат!? ↓↓↓


Далас маверикс загуби од Бостон селтикс во финалето на НБА-лигата со 1-4 во партии, а по последниот меч Лука Дончиќ даде краток коментар.

Дончиќ кажа дека е горд на сезоната која ја имал со Далас, но жали за тоа што останал без шампионски прстен.

„За жал загубивме, тоа не е ништо посебно. Оваа сезона имавме добри резултати, горд сум на сите соиграчи и тренери. Не победивме во финалето, но имавме одлична сезона“, кажа Дончиќ.