Дончиќ на својот роденден го надмина Леброн Џејмс (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ на својот роденден стигна до 39. трипл-дабл во НБА-лигата со 30 или повеќе поени, а така го надмина легендарниот американски играч Леброн Џејмс на третата позиција на вечната листа.

Дончиќ го заврши натпреварот против Торонто (136-125) со 30 поени, 16 асистенции и 11 скокови, а пред него на вечната листа се Оскар Робертсон со 106 и Расел Вестбрук со 48 трипл-дабл.

„Среќен сум, но сега одам да одморам“, кажа Дончиќ по фантастичниот настап за Далас маверикс.