Дончиќ не може без рекорди – со 51 поен го наполни кошот на Клиперс!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Далас маверикс го совладаа Лос Анџелес клиперс со 112-105, а феноменалниот словенечки кошаркар Лука Дончиќ постигна 51 поен.

Дончиќ постави личен рекорд по број на постигнати поени во НБА-лигата во еден меч, а освен 51 поен, тој имаше и девет скокови и шест асистенции, но и седум изгубени топки.

Словенецот во првата четвртина постигна 28 поени, колку што даде цел противнички тим, по што играше добро до крајот на мечот и зад неговото име стигна до бројката на 51 поен.

Дончиќ стана четвртиот кошаркар во историјата на Далас маверикс, кој постигнал 50 или повеќе поени во еден меч, а исто така и петти играч од Европа со таков резултат.

Далас во моментов е петти на Западот со 33-23, додека Клиперс се наоѓа на осмата позиција со 27-30.