Дончиќ: Ништо не е готово, ни требаат уште четири победи за титулата!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ има извонредна сезона со Далас маверикс и ќе се бори против Бостон селтикс за титулата во НБА-лигата.

Дончиќ беше фантастичен во средбит против Минесота тимбервулвс, но вели дека уште ништо не е готово.

„Ова беше тежок пат, но уште ништо не е готово. Имаме многу работа. Ни требаат уште четири победи, меѓутоа заслуживме да прославиме. Играме неверојатна кошарка, а во финалето неè очекува тим кој имаше најдобар резултат во регуларниот дел од сезоната“, кажа Дончиќ.