Дончиќ преживеа драма поради ракета од Северна Кореја


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мундобаскетот почнува денеска, а репрезентацијата на Словенија веќе помина низ драма на почетокот на натпреварувањето.

Жителите на Окинава вчера биле разбудени од сирена, која предупредувала на опасност. За среќа, опасноста поминала брзо, а причина за тоа бил неуспешниот обид на Северна Кореја да лансира шпионски сателит.

Лука Дончиќ преживеа драма поради ракетата од С. Кореја, а во разговор со медиумите призна дека не спиел многу таа вечер.

„Беше лудо. Мислев дека доаѓа ракета и се исплашив“, кажа Дончиќ.