Дончиќ со кош од „паркинг“ ги замолче критичарите 🎥


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Лука Дончиќ стигна до дабл-дабл во победата на Далас маверикс од 102-98 против Торонто репторс, откако Словенецот постигна 41 поен, 14 скокови и седум асистенции.

Одличниот словенечки кошаркар во претходниот период беше критикуван дека не знае да погоди тројка од голема далечина, но против Торонто ги замолче критичарите.

Дончиќ од девет метри му донесе предност на Далас во самата завршница, која на крај беше важна за 10. победа во последните 11 натпревари на екипата.

Поранешниот кошаркар на Реал Мадрид во последните девет дуели има речиси трипл-дабл просек со 23,9 поени, 10,7 скокови и 9,3 асистенции по меч.