Дончиќ со тројка во последни секунди ја расплака Минесота (Видео)


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Далас маверикс води со 2-0 во финалето на Западната конференција, откако Лука Дончиќ погоди тројка на неколку секунди пред крајот за триумф од 109-108 против Минесота тимбервулвс.

Дончиќ на прекрасен начин ѝ пресуди на Минесота, откако претходно Руди Гобер направи неспортски потег и го удри Словенецот со бокс во стомак.

Словенечкиот кошаркар го заврши мечот со трипл-дабл, односно 32 поени, 10 скокови и 13 асистенции, додека Кајри Ирвинг постигна 20 поени.