Дончиќ стана рекордер на франшизта од Тексас, па порача: Гајле ми е…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лука Дончиќ продолжи со одличните настапи на НБА-паркетите, но неговите 39 поени, 12 скокови и 10 асистенции овој пат не беа доволни за победа на Далас маверикс, кој загуби од Шарлот хорнетс со 120-123.

Дончиќ стигна до 10. трипл-дабл сезонава и по мечот новинарите му открија дека е рекордер кога стнаува збор за трипл-дабл во една сезона во Далас, но Словенецот тоа не го интересираше.

„Гајле ми е сега за статистика и рекорди“, порача лутиот Дончиќ, кој не очекуваше пораз од Шарлот.

Словенечкиот кошаркар синоќа го надмина легендарниот Кид, кој во сезоната 1995/96 во дресот на Далас запиша девет трипл-дабл.

Ако се смета само актуелната сезона, Дончиќ е првопласиран пред Леброн Џејмс, кој има осум, односно Никола Јокиќ, кој е трет со седум трипл-дабл.