Дончиќ урна рекорд на Далас стар 40 години (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Далас маверикс славеше против Шарлот хорнетс со 130-104 и стигна до 15. победа на претходните 17 натпревари во НБА-лигата.

Словенецот Лука Дончиќ беше неверојатен на паркетот и постигна 39 поени, 12 скокови и 10 асистенции за 21. трипл-дабл оваа сезона.

Дончиќ притоа постави и нов рекорд по постигнати поени во сезона. Тој во моментов има постигнато 2.341 поен, односно 11 повеќе од Марк Агире кој го држеше рекордот од сезоната 1983/84.