Дончиќ залудно постигна 45 поени: Штрус со тројка во последна секунда го шокира Далас (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кливленд кавалирс триумфираше со 121-119 против Далас маверикс, откако во последната секунда од мечот Макс Штрус постигна тројка од половина терен.

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ блесна на теренот и постиган 45 поени, 14 асистенции и девет скокови, но тоа на крајот беше залудно поради тројката на Штрус, кој го заврши мечот со 21 поен.

Далас се наоѓа на осмото место со 33 бодови и 25 порази на Западот, додека Кливленд е втор на Истокот со 38 триумфи и 19 порази.