Дортмунд после фудбалерот на Барселона сега го сака и фудбалерот на Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милионерите останаа без најдобрите, но знаат да бараат замени.

Според Билд, Борусија Дортмунд е заинтересирана за фудбалерот на Реал Мадрид, Матео Ковачиќ.

Хрватот не е во плановите на Зинедин Зидан и сигурно ќе го напушти Реал Мадрид ова лето. За него интерес покажаа Ливерпул и Милан, а сега во трката влезе и Борусија која е спремна да плати 25 милиони евра.

Борусија исто така е заинтересирана и за Арда Туран чија цена е приближна на цената на Ковачиќ.

Ковачиќ стигна во Реал минатото лето за 30 милиони евра, но не ги оправда вложените пари.