Доживеаа катастрофа од Бока јуниорс, па им ја исклучија водата во соблекувална!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бока Јуниорс синоќа го декласираше еквадорскиот гигант ЛДУ со 3-0 и така ја заврши својата работа за пласман во полуфинале на Копа Либертадорес.

Меѓутоа, тоа што се случи по мечот покажува дека еквадорскиот тим не знае да се помири со поразот, зашто тие направија неспортски потег.

По мечот домаќините ја исклучиле водата во соблекувалната на фудбалерите на Бока, па тие немале шанса да се средат по завршувањето на напорниот меч.

Овој потег не се гледа често, а сигурно КОНМЕБОЛ ќе реагира и ќе го санкционира еквадорскиот гигант.