Драгиќ доби нов договор со Мајами, ќе заработува речиси 20 милиони долари годишно!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бекот на Мајами хит и финалистот во НБА-лигата, Горан Драгиќ ќе остане во дресот на тимот од Флорида, откако се согласи на нов договор.

Овој 34-годишен Словенец договори соработка на две години и притоа ќе заработи околу 37,4 милиони долари, барем така објави познат новинар.

Со тоа Драгиќ ќе биде награден за шест минати години во Мајами, за кој првпат заигра во сезоната 2014/15.

Негови две најдобри досегашни сезони беа 2013/14 и 2016/17, кога имаше 20,3 поени по меч, а настапуваше за Финикс санс во 2014 година, кога беше дел од идеалниот тим на НБА-лигата.