Драконска казна во Милан, играчите се бесни на Гатузо!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Проблемите се редат постојано во Милан.

Рино Гатузо покрена очајнички потег, бидејќи збесна.

Имено, Бакајоко задоцни еден час на тренинг, а тоа го разлути тренерот на Милан.

Еден погреши, а казна за сите, целата екипа заминува во казнен карантин утре од 16 часот, до следниот меч против Болоња во понеделник.

Играчите го молеле тоа да не го прави, но тој не се откажа. Видно изреволтиран го напушти „Миланело“, и ова сигурно дополнително ќе ги влоши односите во тимот, медиумите тврдат дека нема повеќе никаков авторитет кај играчите.

Од друга страна, Бакајоко ќе се соочи со огромна казна, а сега во прашање доаѓа и она што беше извесно, откуп на неговиот договор од Челси.