Драма на роденденот на Лукаку: Полиција упаднала на забавата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Интер по 10 години го освоија Скудетото и ја прекинаа доминацијата на Јувентус, па некои ѕвезди на тимот, како Ромелу Лукаку решија да се опуштат.

Најдобриот стрелец на Интер реши по мечот против Рома, во кој неговиот тимс лавеше со 3-1, да направи забава за да го прослави неговиот 28. роденден.

Забавата беше направена во хотел во строгиот центар на Милано, а со него биле тројца соиграчи, и тоа Ашраф Хакими, Ешли Јанг и Иван Перишиќ.

Полицијата интервенирала по пријавата на телефон, а на забавата биле фатени 24 лица и сите биле казнети.

Карабинерите влегле во хотелот во три часот по полноќ, а наводно повик направила личност блиска до италијанска водителка.