Драма во домот на легенда на Јуве: Крадци со пиштол го мачеле додека не им го отворил сефот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот италијански репрезентативец и фудбалер на Јувентус, Клаудио Маркизио доживеал вистинска драма во Италија, поточно во Торино.

Маркизио неодамна реши да прекине со активното играње на фудбал и да се посвети на семејството, а во својот дом имал необична посета.

Италијанските медиуми објавија дека Маркизио бил нападнат од четири маскирани краци, па го мачеле со пиштол додека не им го отворил сефот, па му ги земале накитот, часовниците, парите…

На местото на инцидентот се појавила за краток период и полицијата, а допрва ќе се утврдува колку пари му земале на Италијанецот.

Маркизио најголем дел од кариерата го помина во Јувентус, а има настапувано уште за Емполи и Зенит Санкт Петербург.