Драма во Копа Либертадорес: Фламенго до 89. минута губеше, а потоа го освои трофејот (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фламенго во финалето на Копа Либертадорес, кое се играше во Лима, во возбудлива завршница успеа да слави со 2-1 против Ривер плејт.

Наптреварот тргна внимателно од двете страни, а во 14. минута аргентинската екипа поведе со 1-0, кога Боре ја погоди мрежата на Бразилците.

Ривер плејт имаше водство дури до 89. минута, по што Габигол погоди за 1-1, а во следните три минути следеше нов шок за Аргентинците, откако Бразилецот стрелаше за пресврт (2-1) и трофеј на Фламенго во Копа Либертадорес.